Радев дели совети: Со внесување на еден збор - Бугари во Уставот, Македонија ќе ја прифати европската идеја

Европската перспектива на Република Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија, ама нејзината интеграција не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите во Северна Македонија и да се запре говорот на омраза, порача бугарскиот претседател Румен Радев.

На отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“ на денот кога се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев, Радев кажа дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи во последните децении има многу случаи во односите во кои бугарската доверба не била оправдана од Северна Македонија.

„Промената на Уставот на Северна Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи во земјата значи дека ја прифаќа европската идеја“, изјави Радев.

Тој, исто така, запраша дека ако сега не можат да обезбедат 2/3 мнозинство во парламентот за да го направат тоа, каква ќе биде волјата на властите да ги исполнат критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ. Според бугарскиот претседател Радев, нерешавањето на политичките прашања меѓу двете соседни земји ја блокира и размената во сите други области.

На истата конференција говореше и копретседателот на заедничката историска комисија, Ангел Димитров кој ги повика македонските историчари да преземат граѓанска одговорност и да ја пренесат реалната можност за надминување на антибугарските постулати на македонизмот.

Ангел Димитров

„Време е историската наука во РС Македонија да се ослободи од историските окови. Тоа би довело не само до професионална туку и до општествена катарза во духот на европските и демократски стандарди. Заедничката комисија за историски прашања не треба да е искривено огледало на односите меѓу историјата и политиката. Историчарот не е веќе немоќен, тој може сам да си го избира и да го контролира својот однос кон политиката. Кога ќе се ослободи од политичкиот диктат, историската наука си ја враќа внатрешната слобода“, изјави Димитров.

Според него, сложените и длабоко противречни односи меѓу историјата и политиката се причината зошто за време од над 2-3 години со македонските историчари не е постигната согласност зошто и како Гоце Делчев да биде чествуван во двете земји како историска личност која обединува.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе