Бугарија бара гаранции при проширувањето на ЕУ

Радев: Да се врати дијалогот меѓу Софија и Скопје на сите нивоа

Бугарија бара гаранции при проширувањето на Европската унија со Република Северна Македонија, а сега најважната работа е да се врати дијалогот на сите нивоа меѓу Софија и Скопје, вели бугарскиот претседател, Румен Радев.

На заедничката прес-конференција со претседателот на Португалија, Марсело Де Соуза, Радев кажал дека португалското претседателство со ЕУ и лично претседателот Де Соуза можат да помогнат да се најде конструктивен пристап, јавува МИА од Софија.

„Тој пристап мора да се заснова на почитување на ставовите и проблемите на земјите за кои зборуваме и почитување на нивните позиции. Врз основа на овој пристап, гледам отворање перспектива за интензивно продолжување на дијалогот, за развој на соодветни патокази, соодветни документи и односи на сите структурни нивоа, што ќе ги дадат соодветните гаранции за нас, особено за да бидеме убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен“, изјавил Радев.

Што се однесува до тоа дали Скопје ги исполнува условите, според него, постои цела листа на формални услови, а треба да се работи на тоа младите во двете земји да не се мразат едни со други.

„Кога ја формирав привремената влада, им поставив задачи на привремените министри за туризам, за образование и за надворешни работи, да размислуваат како да ги зближиме нашите млади луѓе. Наместо да плаќаме за мерки за одржување на туризмот во живот, државата треба да им даде пари на оние хотели, кои ќе обезбедат целосна поддршка за деца, ученици, како од Бугарија, така и на нашите пријатели од Република Северна Македонија“, рече Радев и додаде дека ја споделил идејата со македонскиот претседател Стево Пендаровски за време на нивната заедничка посета на Рим.

Тоа, како што додава, ќе ги отвори вратите на двете земји кон одржлива и стабилна иднина и ќе имаме пријателство не со документи и со декларации, туку вистинско пријателство и почит кон луѓето од двете страни на границата.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе