На средба со Бугарите од Македонија

Радев: Бугарија не се меша во внатрешните работи, но има право да ги брани правата на македонските Бугари

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Претседателството во Софија прими  делегација на бугарската заедница во Македонија, во која беа претставници на политичката партија Граѓанско-демократска унија, здруженијата Центар за култура „Иван Михаилов“ од Битола, „Трибина“ од Прилеп, Македонско – бугарско пријателство од Скопје, „Коридор 8“ – Скопје, „Интеракција“ – Охрид и „Единство“ од  Кочани.

На средбата, прва од ваков вид, и, како што велат дел од присутните, историска, Радев им порачал дека Бугарија стои цврсто зад македонските Бугари, став којшто веќе го кажал и во ЕУ и за време на неговите средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Радев уште им порачал дека без соработка со македонските Бугари, Софија не може соодветно да ги заштити нивните права.

Тој на средбата потсетил дека во Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија стои дека Бугарија има право да ги брани правата на македонските Бугари. Во соопштението тој наведува дека Бугарија нема да се меша во внатрешните работи на РС Македонија, но дека го поддржува барањето на македонските Бугари за гарантирање на нивната рамноправност преку Уставот и законите и за нивно соодветно попишување.

„Во тој поглед, Бугарија нема да направи ништо повеќе, но ниту ништо помалку од која било од другите земји во регионот кои исто така имаат дел од своите народи на територијата на РС Македонија кои одржуваат структурирани и официјални односи со тамошните сонародници“, наведува Радев.

Радев го поддржа и повикот на дел од организациите на македонските Бугари, упатен на 12 октомври до политичките партии и институции во Бугарија.

„Треба да биде јасно дека покрај заштитата на вашите права, имаме и поширок интерес за Република Северна Македонија, но во секој случај вашиот интерес ќе биде на прво место. Тоа многу зависи од вашето единство“, вели Радев, и додава дека Бугарија е во процес на формулирање на нова политика кон Македонија, со што во рамки на постојните ставови на бугарскиот Парламент, се става посилен акцент на благосостојбата на македонските Бугари.

Посебно место во оваа политика ќе имаат прашањата за бугарското државјанство, кои ги засегаат Бугарите во светот воопшто. Добивањето на бугарско државјанство треба да се олесни и забрза и, според него, од управна постапка да се претвори во свечен акт, бидејќи тоа е и државјанство на ЕУ, па „треба да биде причина за гордост“.

Радев оцени и дека бугарските граѓани се граѓани на ЕУ, па нивната дискриминација е дискриминација на европејци.

„Заедничка задача е да се запре дебугаризацијата во Република Северна Македонија и да се зачува историското и културното наследство. Прекршувањето на овие права е причина да се одложи почетокот на преговорите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, без разлика на цената што Софија ја плаќа. Бугарија непоколебливо ќе оди по овој пат“, изјавил Радев.

Според него, македонските Бугари, нивната рамноправност во политичкиот, општествениот, културниот и економскиот живот во Македонија и стриктното исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година се клучот од вратата на Европската унија.

Радев на средбата уште кажал дека не добил разумен одговор од македонските политичари на прашањата зошто веќе четири години во Македонија не се менуваат текстовите во учебниците и зошто се поттикнува омраза кон Бугарија.

Македонските Бугари на средбата му се пожалиле на Радев дека во македонската полиција, во армијата, во државните служби и универзитетите немало ниту еден Бугарин, дека Бугарите биле изолирани и никогаш не стигнале до ниво на раководители. Според нив, во Македонија има најмалку 10 медиуми субвенционирани од српски партии, а нема бугарско радио и медиум.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе