По средбата со италијанскиот претедател во Рим

Радев: Активно работиме Северна Македонија да тргне по европскиот пат

Претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската Унија, изјави шефот на бугарската држава Румен Радев по средбата во Рим со неговиот италијански колега. Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите, рече Радев.

Како што јави БГНЕС, Радев нагласи дека во моментов бугарската Влада работи заедно со Владата на Северна Македонија и дека наскоро Бугарија ќе донира „значителна количина" вакцини за земјава.

Радев потенцира дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кого заедно отапуваа во Рим, разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од земјава да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.

„Ако успееме тоа да го постигнеме, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда со инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди“, нагласи Радев.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе