Реакција

Работниците до пратениците: Ајде и вие помогнете, донирајте ги вашите плати за сите нас, погодените од пандемијaта!

Политичари, пратеници, административци, референти, началници... повелете, откажете се делумно од вашата редовна плата и помогнете малку и ние некоја надница да добиеме, затоа што вака едноставно нема да преживееме. Ова е веќе невозможно, а вие се карате дали да одржите  собраниска седница за да кренете два прста за да можеме да добиеме некој денар. Вака реагираат туристичките работници, угостителите, музичарите, текстилните работнички, претприемачите... кои веќе една година немаат редовни месечни примања, редовна работа, немаат извесност во однос на тоа што ќе се случува утре.

За вес нема неизвесност, оделе не оделе на работа, плата си земате, велат вработените во погодените сектори од пандемијата. „Ем нередовно одите на работа, ама редовно примате плата. А ние“, прашуваат тие гледајќи ги политичките расправии за тоа како да се соберат пратениците за да можат да ги изгласаат законските одредби за петиот пакет мерки за помош на стопанството.  

„Не покажувате никаква солидарност со стопанството. А од нас ги земате платите. Од нашите даноци и придонеси. Еден од вас вели дека граѓаните можат да издржат уште некој месец без пари, но не и без државјанства. Ајде вие да паузирате неколку месеци од вашите пратенички плати, помогнете, еве, во туристичкиот сектор, а?“, реагираат денеска вработени во туристичките агенции незадоволни од одложувањето на гласањето на пакетот владини мерки за помош на фирмите погодени од пандемијата.

„Додека нас ни пристигнуваат опомени од УЈП за нереализирана плата за месец февруари и не знаеме што да правиме, бидејќи пари нема, сметаме дека овие денешни случувања се крајно загрижувачки и испраќаат негативна порака до нас како сектор и општо како граѓани на оваа земја, и ни даваат до знаење дека сме оставени на милост и немилост без никаква солидарност и разбирање за сериозноста на кризата со која се соочуваме“, велат туристичките работници и ги поканија пратениците да ги посетат нивните канцеларии и да го видат секојдневието со кое се соочуваат – без работа и без плата.

Туристичките работници апелираат до пратениците да престанат со негативни пораки и конечно да ги усвојат мерките за помош кои доцнат веќе цел месец.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе