Од 14 до 16 февруари

Работна посета на министерот Димитров на Бугарија

Министерот за надворешни работи,Никола Димитров, од 14 до 16 февруари ќе престојува во работна посета на Бугарија, каде е предвидено да оствари повеќе билатерални средби и тоа со претседателот на Бугарија, Румен Радев, претседателот на Владата, Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР) во рамки на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за 14 февруари, предвидено е Mинистрите да извршат размена на ратификациони документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија, на 15 јануари и во Националното Собрание на Република Бугарија на 18 јанаури.

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), министерот Димитров, на 15 и 16 февруари ќе учествува и на Неформалниот состанок на Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција – GYMNICH. Дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на соработката и партнерството во областа на безбедноста и одбраната, информираа од МНР.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе