Самит на Берлинскиот процес

Работиме регионот да биде поатрактивен за странски инвестиции, рече Ковачевски во Берлин

„Нашата меѓусебна политичка волја и посветеност за регионалната соработка е резултат на меѓусебно признаени интереси кои дополнително нѐ поттикнуваат да работиме на развој на заеднички регионален пазар и зголемување на атрактивноста на регионот за странските инвеститори", рече премиерот Димитар Ковачевски на сесијата за Регионална соработка и заеднички регионални пазари во рамките на Самитот за Берлински процес во Берлин. Во дебата за енергетиката тој нагласи дека Македонија активно работи на декарбонизација на енергетскиот сектор.

Самитот за Берлински процес е историски затоа што доаѓа во време на продолжена криза и од истиот се очекува да произлезат конкретни чекори кои ќе ја зајакнат регионалната соработка во сите сфери, со што уште повеќе се зголемува неговата важност, рече Ковачевски.

На дискусијата, како што информирата од владината прес-служба, сите присутни изразиле силна поддршка за членство на државите од Западен Балкан во ЕУ, со јасен став дека ЕУ нема да е целосна и успешна додека граѓаните од Западен Балкан не добијат пасоши со знамето на ЕУ. Воедно, присутните во своите излагања посочија дека Берлинскиот процес не е замена за членството во ЕУ, но е процес кој ќе обезбеди побрза интеграција на земјите од регионот.

Премиерот Ковачевски на првата сесија посочи дека денеска се исполнува клучен дел од обврските во рамките на заедничкиот регионален пазар, усвоени на Самитот во Софија пред две години, истакнувајќи дека сето ова е постигнато поради силната поддршка од Владата на Сојузна Република Германија, како домаќин на Самитот на Берлинскиот процес, Европската комисија и интензивната комуникација на експертите и администрациите од земјите од Западен Балкан.

„Нашата меѓусебна политичка волја и посветеност за регионалната соработка е резултат на меѓусебно признаени интереси кои дополнително нѐ поттикнуваат да работиме на развој на заеднички регионален пазар и зголемување на атрактивноста на регионот за странските инвеститори“, истакна премиерот Ковачевски на сесијата, се вели во соопштението.

Ковачевски рече дека на земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Македонија им претстои сериозна работа, затоа што дојде време кога ќе треба да се испорачаат суштински постигнувања во однос на подобрувањето на капацитетите, ефикасноста и конкурентноста на економиите и на регионот во целина, што ќе доведе до забрзан регионален економски раст и развој.

Ковачевски порача дека Европската Унија не е целосна без земјите на Западен Балкан и во таа насока нагласи дека треба да се интензивираат сите иницијативи кои ќе придонесат кон приближување на регионот до ЕУ.

На сесијата за енергетиката пак, Ковачевски нагласи дека кризата многу брзо ја предочи важноста на домашното производство на енергија. Во тој контекст рече дека Македонија акцент става на зелената енергија и информира дека започна со работа најголемата досега фотоволтаична електрана, која произведува струја од домашни ресурси, од македонското сонце, а ги задоволува потребите на многу домаќинства. Според него, Владата ги поедностави процедурите за поставување фотоволтаици..

Тој притоа нагласи дека Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која усвои Стратегија за развој на енергетскиот сектор заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ.

„Ние сме и првата земја која спроведува проект за замена на стара термоцентрала на јаглен со фотонапонска централа, споменувајќи ја ТЕЦ Осломеј, како конкретен чекор кон енергетската транзиција и декарбонизација на енергетскиот сектор. 

Самитот на Берлинскиот процес кој годинава се одржува во Берлин прв пат по 8 години, има цел да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе