„Дури ретко имам и комуникации со нив во последно време, само за да не го чувствуваат тоа како наше влијание. Сум им кажал: ги имате сите можни услови и предуслови за работа, работете по ваше убедување и по ваше размислување“, рече Османи на денешниот брифинг со новиарите.
Тој додаде дека е тука да им помогне во делот на логистичките услови.
„Тука сум да им помогнам да имаат место каде да се сретнат, ја користат обично салата во МНР. Им создадовме и секретеријат, луѓе кои самите ги предложија за да можат да им помогнат во анализите. Верувајте дека јас дознавам од медиумите што е тема на дневен ред на Комисијата, или за што се разговарало“, категоричен е Османи.