Министерство за надворешни работи

Димитров на работен ручек со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес присуствуваше на работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија, кој го организираше бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Иван Великов Петков, во својство на земја претседавач со Советот на Европската Унија.

Министерот Димитров изрази благодарност до амбасадорот Петков и за бугарската заложба за приближување на Западен Балкан кон ЕУ за време на нивното претседателство.

Ја истакна заложбата до крајот на Бугарското претседавање со Советот на Европската Унија, во јуни 2018 година, Советот да ја донесе политичката одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија за членство во Европската Унија.

Димитров брифираше за конкретните реформски активности, пред се во приоритетните сфери: правосудство, добро владеење, јавна администрација и следење на комуникациите, како и за борбата против корупцијата, организираниот криминал и анти-тероризмот, добрососедските односи и подобрувањето на политичкиот дијалог во Собранието на Република Македонија.

Осврнувајќи се на содржината на Стратегијата за проширувањето на Јункер, истакна дека таа ги исполнува македонските очекувања - отвора рамка за сите земји од Западен Балкан и за прв пат се предвидува ориентациона временска рамка за членство.

„Очекуваме претстојниот Извештај на Европската комисија да го нотира значителниот и видлив напредок постигнат од Владата на Република Македонија на планот на домашните реформи. Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија претставува јасна можност за обновување на обврските од страна на Западен Балкан и ЕУ и очекуваме да биде реален индикатор за тоа колку земјите – членки на ЕУ се подготвени да се посветат на пристапниот процес на земјите од Регионот", изјави Димитров.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе