Путин со сочувство до Пендаровски за трагедијата во Бугарија

Рускиот претседател Владимир Путин му изразил сочувство на претседателот Стево Пендаровски по тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 луѓе, вклучувајќи и 12 деца, јави денеска агенцијата Тасс.

Примите длабоко сочувство поради загинувањето на граѓани на вашата земја, вклучително мали и поголеми деца, во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија, се наведува во телеграмата објавена денеска на сајтот на Кремљ.

Агенцијата објави и дека Путин, исто така, го замолил Пендаровски да пренесе зборови на искрено сочувство и поддршка до роднините и блиските на загинатите, истовремено посакувајќи поскоро закрепнување на сите повредени патници.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе