Кај Владичин Хан

Пуштен во употреба Коридорот 10, од Скопје до Белград за три и пол часа

Од вечерва од Скопје до Белград може да се патува за три и пол часа, а од Табановце до Хоргош за околу пет часа. Вечерва и официјално е пуштен во употреба јужниот крак од Коридорот 10 во Грделичката клисура. На свеченоста, покрај претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претставници на дипломатскиот кор кај северниот сосед, присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„Така е кога се работи вредно и посветено. Од Скопје до Белград сега ќе се патува за три и пол часа. Автопатот е од големо значење не само за Србија, туку и за Северна Македонија, но и за целиот регион“, рече Зоран Заев на церемонијата под мостот кај Владичин Хан.

Заев нагласи дека е завршена една од најтешките делници на автопатот што изгледа модерно. Јужниот крак од Коридорот 10 тој го оцени како прилика за потврда на големото пријателство меѓу двете земји и дека Северна Македонија се радува на успешните и величествени потфати на сите соседи.

„Ова е голем ден за нас. Се воодушевувам на сите што во изминатите години вложија исклучителни напори за совладување на природата и сите пречки во Грделичка клисура и во неа да се изгради единствена сообраќајница што е од посебна и непроценлива вредност. Автопатот, пред се, ќе има големо значење за развојот на регионот, за нови инвестиции, за отворање на нови фабрики и за вработување. Никој не може да ме убеди дека нашите патишта се полоши од оние во Германија и Швајцарија“, истакна српскиот претседател Вучиќ.

На делницата кај Грделичка клисура има 36 моста и два тунела од кои тунелот „Манајле“ е најдолг во Србија.

Вредноста на јужниот крак од Коридорот 10 е 350 милиони евра, средства што во најголем дел се обезбедени со кредити од Светска банка и Европската инвестициска банка. Србија паралелно го гради и источниот крак од Коридорот 10 до Бугарија, кај Димитровград што, според најавите, ќе биде готов до есен.

Времето за минување на делницата низ Грделичка клисура е 20 минути, ограничувањето на тој дел е 100 км./ч. и до границата со Македонија има околу 60 километри.

Фото: Новости.рс

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе