Прво треба одлука на Собранието за формирање на комисиите, па потоа да се предлага составот, вели Милошоски

Само што почна со работа и го утврди дневниот ред, Комисијата за прашањата на изборите и именувањата замина на пауза, откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа дополнителни консултации. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што објави МИА, сметаат дека оваа комисија не може да дава предлози за персонален состав на другите собраниски комисии, што е прва точка на дневниот ред, бидејќи Собранието претходно на парламентарна седница не донело одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите. Ставањето на Комисијата над Собранието, според нив, е кршење на Деловникот за неговата работа.

„Ексклузивно право за основање, број и надлежности на постојани работни тела има само Собранието преку парламентарна седница. Не може без донесена одлука на Собранието за бројот на комисии односно работни тела, за нивните надлежности и бројот на членови на овие работни тела, која било друга комисија да нуди предлози за нивно пополнување”, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на член 118 од Деловникот за работа на Собранието.

Според него, собраниското мнозинство 40 дена не успеало оваа едноставна и многукратно претходно донесувана  одлука, само да ја повтори. 

„Ниту еден претходен претседател на Собранието, вклучително и актуелниот, не направил преседан да ја стави Комисијата за избори и именувања на повисок ранг од самото Собрание, ниту пак претседателите на оваа комисија, а се менувале многу во текот на годините, не си зеле за право без донесена одлука за формирање на постојните работни тела и нивната надлежност да заседаваат и да му предлагаат на Собранието членови за неформираните комисии”, вели Милошоски.

Тој апелираше во текот на денешниот ден координаторите на пратеничките групи да ја предложат и потпишат одлуката за основање работни тела на Собранието и да ја достават до претседателот на Собранието. 

Комисијата го утврди предложениот дневен ред откако не ги усвои бањата на опозициските пратеници точката за персоналниот состав на комисиите да биде симната од него, или од прва да биде преместена како петта точка. По ова заради дополнителни консултации со пратеничката група и коалициските пратеници, членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза.

На дневен ред на оваа седница на Комисијата е утврдувањето предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, како и разгледување на барањата за остварување плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, барањата за остварување на плата по престанок на функцијата член на Владата на Република Северна Македонија и на други избрани/именувани лица од Собранието на Република Северна Македонија и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе