Прво јавна расправа за законите за отпад, па после расправа во собраниска комисија, бараат граѓански здруженија

Одлагање на второто читање на Законот за управување со отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување, закажано за утре во собраниската  Комисија за европски прашања, бараат граѓански здруженија и високообразовни институции.

Според здруженијата и институциите, претходно треба да се организира јавна расправа и тоа по завршување на летните одмори за да може да присуствуваат сите релавантни чинители.

Во соопштението од О2 иницијативата се наведуваат главните аргументи за ваквото барање. Аргументите ги пренесуваме во целост:

-Законите се од широк интерес и директно и длабоко нè засегаат сите, зошто прашањето на отпад го живееме секојдневно преку нерешените диви и нерегуларни депонии, прекумерниот отпад кој завршува на нив, пластиката, гумите, опасниот отпад, неговото горење, загадувањето кое го врши врз почвата, водите и воздухот, негативниот ефект врз нас и целиот жив свет.

За вакви закони Собранието е должно да спроведе јавна расправа и ги земе предвид изнесените мислења и предлози.

-Реакциите во јавноста се силни за одредбата во предложениот Закон за управување со отпад со која повторно ќе се дозволи увоз на отпад како енергенс, откако после силен јавен притисок се забрани ваквиот увоз во сегашниот закон само минатата година. Овие реакции и барања пратениците да се произнесат по оваа одредба не наидоа на слух кај избраните претставници на граѓаните во Собранието, припадници на партиите од владејачкото мнозинство.

-Со новиот Закон за управување со отпад, опасниот отпад ќе се редефинира и можно е она што денес е забрането да се увезува, согорува и сл., да се дозволи. Се редефинираат и условите за депониите за опасен отпад, кој може да ги основа и управува со нив. Ова е горливо прашање за граѓаните, со оглед на големиот број на негативни искуства во овие области.

-Потребно е дефинирање на што подобра контрола на управувањето со отпадот и негова имплементација на терен, нешта кои хронично ни затајуваат, а кои не смееме да ги дозволиме кога отпадот е во прашање.

-Пластиката за еднократна употреба е огромен проблем. ЕУ во 2019 год. донесе Директива со која воведе забрана на 10 типа на пластични производи за еднократна употреба. Новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување не го рефлектира ова.

На барањето се потпишани 31 невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции од кои голем број се дел од граѓанската Алијанса за застапување и лобирање „Разбистри сè“. Тие испратија допис до претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, претседателот на Собранието Талат Џафери, пратениците во Собранието, премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. 

Потписници на барањето се:

1.         О2 Иницијатива

2.         Институтот за комуникациски студии (ИКС)

3.         Фронт 21/42

4.         Арт поинт – Гумно

5.         Еко Долина – Ново Село

6.         Здрава Котлина – Струмица

7.         Го Сакам Водно

8.         Центар за развој и унапредување на јавниот живот - Тетово (ЦРУЈЖ)

9.         Национален Ромски Центар – Куманово

10.       Ромско Јато – Битола

11.       Охрид SOS

12.       Центар за економски анализи (ЦЕА)

13.       Здружение на бизнис жени

14.       Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА – Битола

15.       Ековита – Неготино

16.       Вила Зора – Велес

17.       Движење на екологистите на Македонија – ДЕМ

18.       Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н

19.       Рурална коалиција – Куманово

20.       Еко-логик

21.       Центар за Управување со Знаење

22.       Гоу грин

23.       Спас за нас – Гевгелија

24.       Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП)

25.       ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС – Гевгелија

26.       Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ - Крива Паланка

27.       Зелен институт

28.       Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“

29.       Македонско здружение на млади правници

30.       Water4changes-Вода за промени, Global Shapers Skopje Hub

31.       Еко Герила – Тетово

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе