Не се исклучува ново парламентарно мнозинство

Прво да се донесат законите во Собранието, па да се оди на избори, порача Спасовски

Во Собранието прво треба да се донесат сите закони кои што се многу битни за граѓаните па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори, порача премиерот Оливер Спасовски, но не го коментираше евентуалното формирање ново парламентарно мнозинство. Според него, ќе се испочитува договореното, ќе бидат усвоени законските решенија по што ќе се оди на избори.

„Ние мора прво да ги донесеме законите кои се исклучително важни за оваа држава и потоа треба да одиме на избори. Тоа е ставот кој го имаме и како Влада и како партија, од првиот момент до денеска. Така што, сите законски решенија, пред сѐ законот за ЈО кои треба да дадат дополнителни позитивни аргументи во носење на одлуката на Европскиот совет да почнат преговорите со ЕУ треба да биде приоритет на сите политички партии и на секој пратеник во Собранието“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Тој сѐ уште верува дека тоа и ќе се случи, и оти нема да има повеќе „неразбирливи“ одложувања на седниците на кои тоа треба да биде направено.

„Ние имаме коректни односи со ДУИ и очекувам дека така како што ја започнавме коалицијата, така и ќе ја завршиме во однос на овие законски решенија. Затоа очекувам тие да бидат донесени и дека нема да имаме дополнително неразбирливи одложувања за да може да дојдеме до она за што се имаме договорено, да се финализираат овие законски решенија и да одиме на избори“, рече премиерот.

Сепак, Спасовски додаде дека ако бидат опструирани законските решенија, тогаш може да се зборува за евентуално формирање ново парламентарно мнозинство, можност која вчера ја навести генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во фејбук статус. Спасовски не очекува ниедна од политичките партии кои се дел од Владата да прават промени на законите во Собранието, бидејќи се работи за усогласен текст кој е поминат на владина седница.

Во врска со тоа како ќе гласаат пратениците на СДСМ за распуштање на Парламентот на седницата закажана за в недела, Спасовски вели дека треба да се почека да се види како ќе се одвиваат работите во Собранието. Тој потсети дека Собранието треба да работи по предлог што го достави за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, што е точка на дневниот ред на собраниската седница закажана за 15 часот и како што вели, таа да се заврши. Повтори дека очекува нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ, да се избере нов министер и да се продолжи понатаму во изборниот процес.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе