Софија

Прванов: Бугарската борба за слобода ја создаде македонската држава, заедничката комисија е осудена на пропаст

Георги Прванов, поранешниот бугарски претседател, во гостувањето на националната бугарска телевизија БНТ изјави дека за проблемите околу личноста на Гоце Делчев било алармирано уште пред неколку месеци. Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија е осудена на пропаст.

Прванов вели дека е скептик на работата на комисијата, бидејќи немала јасен мандат. Тој како пример го дава договорот меѓу Грција и Македонија, во кој, според него, сè е запишано до секој детал.

Прванов бара да се разјасни што значи концептот на „заедничка историја” во договорот меѓу Софија и Скопје.

„Во Скопје мора да признаат дека македонската државност се создала врз вековната сила на бугарската држава. Бугарската борба за слобода доведе до создавање на македонската држава“, изјави Прванов и додаде дека Македонија треба да стане членка на ЕУ и НАТО, а за македонските медиуми вели дека ја повторуваат агресијата во однос на Бугарија.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе