Владата не отстапува

Првачиња нема да се запишуваат ако не се вакцинирани

Од оваа учебна година нема да се запишуваат првачиња за коишто нема да биде доставен картон за вакцинација, што е дел од донесените мерки по прогласената епидемија на морбили, најави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

„Вакцинацијата е задолжителна. Во прво одделение нема да можат да се запишат деца кои не се вакцинирани. Законот за основно образование член 46, став 2 е јасен“, изјави Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања на редовната прес-конференцијата во Владата.

Тој информираше дека теренската вакцинација на Министерството за здравство се спроведува според планираната динамика и оти активностите се координирани со Министерството за образование.

„Мора да го подигнеме степенот на имунизација на сите граѓани во Република Северна Македонија со цел да ја спречиме епидемијата на морбили. Ова се мерки коишто се спроведуваат и нема отстапување од нив“, наведе Бошњаковски.

Тој, исто така додаде дека основното образование е задолжително и оти децата треба и ќе одат на училиште.  

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе