Прва шанса за почеток на преговори со ЕУ е самитот во јуни, вели Османи

Првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите со Унијата треба да се одржи веднаш и без одлагање и работиме тоа да се случи уште во јунскиот самит на ЕУ, рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Мислам дека клучната порака од вчерашната резолуција е дека Република Северна Македонија испорача и дека сега е време ЕУ да испорача и сите вакви резолуции, заклучоци, информации на европските институции само ја потврдуваат европската перспектива на државата“, изјави Османи.

Сепак, потсети дека политиките за проширување, во ЕУ се носат со консензус и ќе мора согласност од сите земји членки.

„Очигледно дека имавме јасна недвосмислена поддршка од 26 земји членки за текстот на преговарачката рамка и за почеток на преговорите уште минатата година, но треба согласност од сите 27 земји за да може да се усвои текстот и да се одржи првата конференција“, рече Османи.

Тој уште посака успешни избори во Бугарија и брзо формирање на институциите со цел да продолжи комуникацијата во делот на дефинирање на терминот за состанокот на првата меѓувладнина комисија и со тоа да се дефинира акцискиот план којшто е предвиден во рамки на таа соработка.

„Не верувам дека во овие неколку дена пред изборите кои се таму наредната недела може да се направи суштински напредок“, заклучи Османи.

Според него, таргет термин за започнување на преговори е јунскиот самит на ЕУ, а сите земји членки работат на постигнување на овој временски таргет, односно отпочнување преговори во јуни.

„Мојот впечаток е дека и во португалското претседателство, но воопшто и кај другите земји членки сериозно се сфаќа потребата за итно, неодложно почнување на преговорите со РСМ и мислам дека во оваа фаза тоа веќе не е само прашање на убедување и волја, туку е преведено и во конкретни чекори. Јас очекувам тие конкретни чекори да се материјализираат брзо во наредните недели“, рече Османи.

Во однос на историската комисија, тој кажа дека редовно се одржуваат состаноци, меѓутоа текстот за годишниот извештај сѐ уште не е усогласен.

„Комисијата редовно одржува состаноци, претставници на комисиите се состануваат редовно за следните средби, но и да го усогласат текстот за годишниот извештај, кој за жал уште не е усогласен, но има мал напредок на секоја средба. Важно е средбите да бидат почести да се усвои текстот на извештајот за следната недела да може да го иницираме датумот за одржување состанок на Комисијата“, додаде Османи.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе