Прва правосилна пресуда за предмет на СЈО

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека е донесена прва правосилна пресуда за предмет што го води ова обвинителство.

„Во предметот „Таргет-Тврдина“ е раздвоена кривичната постапка за едно лице, за кое, врз основа на признание на вина, на 17 ноември е донесена пресуда. На обвинетото лице му е изречена алтернативана мерка-условна осуда за кривичното дело Помагање на сторител во извршено кривично дело“, се вели во соопштението од СЈО.

Предлогот за раздвојување, како што се додава, бил истакнат од страна на СЈО, при што се имал предвид интересот на обвинетото лице за побрзо завршување на постапката, како и економичноста и целисходноста на постапката.

Во  споениот предмет „Таргет - Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе