Во попладневниот дел од расправата не беше прифатен амандманот поднесен од опозицијата за одложување на примената на прогресивното оданочување.
Заменик-министерот за финансии Филип Николоски посочи дека во предлог-концептот за даночни реформи, кој поминал низ јавна дебата, во ниту еден момент не станало збор за зголемување на даноците.
„Ниту данокот на личен доход ќе се зголеми, ниту данокот на добивка ќе се зголеми, ниту данокот на додадена вредност,“ подвлече Николоски.
Опозицијата преку амандман побара и намалување на акцизата за течни горива за 50 проценти. Според Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, со прифаќањето на овој амандман ќе му се помогне на стопанството, особено на транспортните компании.
Во текот на денешниот ден не беше прифатен и амандманот од опозицијата со кои се бараше намалување на данок на додадена вредностод 18 на 5 проценти за производите за менструално здравје.
Амандманската расправа за предлог-буџетот трае седум дена по што тој треба да се најде на пленарна седница.