Протоколот за членство на Македонија во НАТО помина во парламентарна комисија во Турција

Парламентарната комисија за надворешни работи во Големото народно собрание на Турција (ТБММ) даде зелено светло за Предлог-законот за Протоколот за членство на Република Северна Македонија (РСМ) во НАТО да се стави на дневен ред на Парламентот за ратификација, јави агенцијата Анадолија.

омисијата, како што пренесува МИА, одржа состанок под водство на претседателот на комисијата, Волкан Бозкир, кој е пратеник на АК Партијата во турското Собрание.

На состанокот беа разгледани 10 предлог-закони, од кои осум беа одобрени, меѓу кои и Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Претседателот на народното собрание, Мустафа Шентоп, за време на неговата посета на земјава изјави дека Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО за максимум еден месец ќе се ратификува на генералната седница на Собранието, потсетува Анадолија.

 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе