Министерот за надворешни работи го претстави документот потпишан во Софија

Протоколот е реципрочен, а преговорите со ЕУ започнуваат во вторник, вели Османи

Протоколот ја враќа довербата меѓу Македонија и Бугарија, создава добра политичка клима и во согласност со францускиот предлог го овозможува почетокот на преговорите на земјава со Европската Унија, веќе утре вечер ќе биде дефинирана првата меѓувладина конференција за во вторник, како и втората меѓувладина по внесувањето на Бугарите во Уставот, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи кој го презентираше протоколот што денеска беше потпишан во Софија. Не е точно дека не почнуваат преговорите, почнуваат во вторник со отворачка изјава на македонски јазик и почеток на скринингот, нагласи Османи.

Протоколот што го потпишавме во својата правна суштина е записник од состанок, во кој има дневен ред, по теми и точки се наведени мерките, договорите и проектите што треба да се реализираат, како и присутните на состанокот, рече на почетокот министерот Османи. Практично, додаде, е пресек на резултатите од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодот 2019-2022 година, со оглед на перидот на бугарското вето и намаленото ниво во односите меѓу двете држави. Османи на почетокот нотираше повеќе прашања, од зелените програми, транспорт и железница, млади и спорт, соработка во туризмот, одбраната, здравството и слично нагласувајќи дека е тоа првата точка.

Потоа тој ја спомена втората точка во која се групирани историските прашања, односно преку поддршка и охрабрување на Мешовитата историска комисија за нотирање на историски факти од науката кон определени прашања и етапи од историјата, рече Османи.

Во рок од две години треба да се преземат мерки од моментот кога Мешовитата комисија ќе донесе согласностг по определено прашања, рече тој и нагласи дека во својата суштина, протоколот има реципроцитет, кој се однесува и на историските прашања и на образовните, во смисла на учебниците.

Реузлтатите ќе се објавуваат во рок од шест месеци од страна на владите на двете земји од денот на усогласеноста меѓу комисиите.

Во 2023 и 2024 година ќе се чевствуваат заеднички договорени датуми и личности од историјата, но по одобрувањето од комисијата, нагласи Османи и рече дека досега има една препорака од тој тип.

„Мешовитата комисија е охрабрена за една година да го заврши средниот век, велам охрабрување, а не задолжување“, нагласи Османи и потенцира дека Комисијата е охрабрена до членство во ЕУ да ја заврши својата работа, што значи нема рокови како што се шпекулираше.

Во точката која се однесува на ЕУ, двете држави се наведени. Бугарија се обврзува да ја поддржи Македонија, онака како што е предвидено со францускиот предлог, по влегување на Бугарите во Уставот.

„Тоа значи дека утре вечер се носат одлуки за двете конфренции, првата е веднаш, тука е и скринингот, а втората по внесување на дел од бугарскиот народ во Уставот, односно на истиот начин како што се сега наведени другите етнички заедници во земјава“, објасни министерот.

Северна Македонија, рече, се согласува после скринингот, втората конференција да се случи по промената на Уставот. Бугарија пак, нагласи, се согласува на потпишување на договорот со Фронтекс, а знаете што тоа значи, рече Османи и додаде дека тоа значи потпишување на македонски јазик.

Тоа е многу важно, затоа што е одобрено од 27-те земји членки, рече министерот.

Во однос на говорот на омраза, како што објасни, тоа се однесува на омаловажување на одредени лица или групи врз повеќе основи и караткеристики, а што води кон насилство, и тука има реципроцитет, рече Османи и додаде дека се однесува и на институции, книги, учебници, на разна продукција.

„Идејата е со државни пари двете држави да не финансираат филмови или каква било продукција, ако има говор на омраза. Владите ќе преземат ефикасни мерки во тој случај во смисла на алармирање на институции, а не на сопствени одлуки, а се однесува и за недобронамерна негативна пропаганда. Приватните субјекти само ги обесхрабруваме. Говорот на омраза е вграден во нашето законодавство и тоа е многу важно прашање во односите на двете земји", нагласи Османи и катгегорично како неоснована ја отфрли новинарската забелешка дека тоа значи цензура.

Во однос на квалификациите од типот „фашизам“, рече дека тоа е во доменот на оценките и препораките на Мешовитата комисија, а не на владите.
Во случаи на територијални претензии и аспирации ќе се реагира, еден таков пример имаме во учебникот од седмо одделение., рече Османи.

„Протоколот е потпишан на бугарски и на македонски јазик, односно согласно формулациите - согласно уставите на земјите,, а тоа е така дефинирано од 1999 година кога премиер беше Љубчо Георгиевски. Но пак, во однос на ЕУ имаме чиста формилација – македонски јазик", рече Османи.

На прашањето каде е реципроцитетот во однос на малцинствата, односно Македонија ќе вгради Бугари во Уставот, а Бугарија не признава македонско малцинство, Османи рече дека бугарскиот устав не препознава етнички заедници, како и францускиот устав на пример. Притоа нагласи дека веќе Македонија презела обврска во 2017 година дека нема да презема активности кои ќе значат мешање во внатрешните работи на други земји во однос на малцинствата.

Зошто бугарската министерка Генчовска македонскиот јазик го нарече таканаречен, што е навредливо за нас, праша еден новинар. Уште во 2018 година Бугарија и до ОН испратила известување – нота, дека македонскиот јазик не го признава, рече Османи и додаде дека во однос на билатералните односи, владата од 1999 година го дефинирала како јазик согласно Уставот. Битно е рече, Османи, дека во ЕУ влегуваме со македонски јазик, чисто формулирано.

Османи информира дека целиот текст на Протгоколот ќе биде објавен во текот на денот, во ист момент со бугарското МНР..

„Политиката на политичарите, историјата на историчарите, тоа беше моја заложба во целиот процес и тоа е така формулирано во протоколот“, рече Османи.

Во вторник ќе почнат преговорите, истиот ден е отворачката изјава и скринингот, од тој ден започнуваат преговорите, нагласи Османи.

На прашањето зошто има тогаш втора владина конференција и дали тоа значи во вторник фотографирање, а многу подоцна, по измени во Уставот, преговори,  Османи негира и рече дека е тоа антинаратив и додаде дека решение е најдено со кое се заштитува македонскиот државен интерес.

„Ќе најдеме политичка волја да се внесат етнички заедници во Уставот, на местото каде има итн, ќе се внесат Хрвати, Црногорци..и Бугари“, нагласи Османи.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе