Протоколите не се под директна контрола на МВР, тоа е работа на секој од кабинетите во Владата, вели Спасовски

Има протоколи и начин на кој се комуницира за секој носител на државна и јавна функција во Република Северна Македонија. Треба да се следат тие протоколи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на Центарот за обука во Идризово, каде што во тек е селекцијата за нови полициски службеници, одговарајќи на новинарско прашање за надлежностите на МВР во случајот со руските пранкери и телефонските разговори на премиерот Зоран Заев.

Посочувајќи дека такви ситуации се случиле не само во Македонија туку и во други држави, Спасовски додава дека тоа не е нешто што е под директна контрола на МВР, туку е работа на секој од кабинетите во Владата, начинот на комуникациите и слично.

„Во тој однос потребна е малку поголема будност во следењето на препораките и протоколите со што можат да се средат сите овие работи“, изјави министерот Спасовски.

На новинарско прашање дали се следеле безбедносните протоколи бидејќи за тоа се разговрало и на владина седница, Спасовски информира дека нема таква информација и оти не бил присутен на последната седница на Владата и ги чека заклучоците.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе