На рочиштето за „Титаник“ се слушаат „бомби”

Протоѓер бара од Јанкулоска да провери дали жена му на Б.Ц. има имот на Корчула, „Дневник” ја чекал приказната

„Бомбите“ во предметот „Титаник“ што попладнево се слушаат во Кривичниот суд открија како поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер се договараат да се провери информација за имот на жена му на поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Корчула. 

„Ова е многу важно, ќе направи пресврт во кампањата. Провери преку матичен број дали е на име на жена му. Ме чекаат ’Дневник‘ да им ја дадам приказната“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска.

Во разговорите, Јанкуловска му потврдува на Протоѓер дека добила потврда од Белград оти жена му на Црвенковски имала лична карта на таа адреса, но оти не може да добие писмена потврда за тоа.  

Во друг разговор, Протоѓер ѝ вели на Јанкуловска да се јави во Антикорупциската комисија за да отворат постапка за непријавен имот на Црвенковски.

„Се јавив, пораката е пренесена. Ама ОК, ќе се јавам да објават дека отворен е предмет“, му одговара Јанкуловска.

Таа, како што се слуша во разговорите, пораката ја пренела преку Иво Котевски. 

„Ај кажи Антикорупциска да си имаат предмет за имотот на Б.Ц. Јави им се на Борче и на Љубинка, охрабри ги!”, му вели Јанкулоска на Иво Котески.

На крајот на разговорот Јанкулоска уште еднаш му вели на Котески да сврти некој телефон и да се јави на тогашниот претседател на комисијата Воислав Зафировски.

Од следниот разговор меѓу двајцата сопартијци се дознава дека Антикорупциска ја послушала партиската наредба, односно се охрабриле да постапуваат.

„Отворија предмет, а сега да ги притиснеме да објават дека има корупција”, му вели Јанкулоска на Мартин Протугер.

Во судницата попладнето се слушаа и снимки меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски околу исплатата на субвенциите и за недостиг на рекламен материјал во Прилеп и Неготино, како и разговори меѓу Ставрески и Јанкуловска во кои тој се жали дека не може да направи исплата на субвенции во Повардарието поради две лица кои не сакале да го потпишат извештајот, а од тоа им зависеле пет илјади гласа во овој регион. 

Одбраната повторно изрази сомнеж во автентичноста на снимените разговори и посочи дека во еден од разговорите како време е наведено 00:56, а разговорот почнува со зборовите „добар ден“.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе