Министерство за образование

Против инспекторот Илиевски, откако открил неправилности во тетовскиот универзитет, покрената е дисциплинска постапка

На 19 јули ќе се одржи состанок на дисциплинската комисија на Државниот просветен инспекторат, за покренатата дисциплинска постапка против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски. На ова претходеа решенијата на инспекторот Илиевски за незаконско напредување во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) на тројца јавни функционери на ДУИ (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката за утврдување дисциплинска одговорност е потпишана од директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Илиевски вели дека за оваа постапка ги известил и Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Целиот предмет бил испратен и до Државната комисија за спречување корупција.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе