Протест за пресудите во „Монструм“

Протестниот марш запре кај Владата, пречек од кордон полиција

Во 15 часот, по еден час движење од паркот во Чаир, протестниот марш како израз на незадоволство од пресудите во судскиот процес Монструм, пристигна пред Владата, каде на платото пред зградата, беше запрен од кордон на специјална полиција. Организаторите поставија малечка бина за држење на говори. Претходно кордон од полиција не дозволи доближување до судскиот комплекс, а тогаш протестниот марш скршна десно кон Владата. На заштитната ограда се поставуваат транспаренти со пораки дека во земјава нема правда.

Учесниците во протестниот марш извикуваат „Слобода за нашите браќа“, „Уа за правдата", „Стоп за двојните стандарди“, „Илирида демократија", „Ние сме автохтон народ“и друго, a се спомнуваат и имиња на обвинители.

Широко е развиорено огромно албанско знаме кое се носеше и по патот кон Владата. Забележливо е дека бројот на учесници во протестот е помал во споредба со последниот, а меѓу учесниците има и жени.

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во „Монструм" ги повика граѓаните да го кренат гласот против, како што вели, неправдата во Македонија и драконските казни кои им се изрекуваат на Албанците не само во овој судски предмет, туку и во други, како што вели, монтирани судски процеси.

Планирано е тело на протестите Советот за протести во владата да достави протестен документ во кој се наведени повеќе случаи кои, според нив, укажуваат дека Албанците се онеправдани и под притисок од властите. Документ, велат, е доставен до Делегацијата на ЕУ и до амбасадата на САД во Скопје.
Последниот протест на истите учесници заврши со насилство и напади врз полицијата која не им дозволи пристап кон судскиот комплекст и со полициски кордон маршот беше запрен пред крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка".
Десетина полицајци беа повредени, а потоа беа поднесени кривични пријави против неколкумина учесници кои ги започнаа насилните напади врз силите за безбедност.


Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе