По петочната молитва

Протестниот марш за „Монструм“ се движи низ Чаир

Во 14 часот од паркот во населбата Чаир тргна протестниот марш кон Владата како израз на револт поради пресудите во судскиот предмет „Монструм“. Со мегафони, предводниците на протестот ги повикуваат граѓаните да им се приклучат. Планирано е протестен документ да биде доставен во Владата.

Со бројни транспаренти, протестниот марш се движи по главниот булевар низ населбата Чаир во правец на Битпазар, а според најавите протестот треба да заврши пред Владата.

По пат учесниците во протестниот марш извикуваат „Уа за правдата“ и „Илирида демократија“.

Во еден момент на булеварот беше раширено огромно албанско знаме.

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во „Монструм“ ги повика граѓаните да го кренат гласот против, како што вели, неправдата во Македонија и драконските казни кои им се изрекуваат на Албанците не само во овој судски предмет, туку и во други, како што вели, монтирани судски процеси.

Планирано е тело на протестите Советот за протести во владата да достави протестен документ во кој се наведени повеќе случаи кои, според нив, укажуваат дека Албанците се онеправдани и под притисок од властите. Документ, велат, е доставен до Делегацијата на ЕУ и до амбасадата на САД во Скопје.

Последниот протест на истите учесници заврши со насилство и напади врз  полицијата која не им дозволи пристап кон судскиот комплекст и со полициски кордон маршот беше запрен пред крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“.

Десетина полицајци беа повредени, а потоа беа поднесени кривични пријави против неколкумина учесници кои ги започнаа насилните напади врз силите за безбедност.

 П.Џ.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе