По изгласувањето на Законот за употреба на јазиците

Протести пред домовите на пратениците на СДСМ, прослави во Тетово и Гостивар

Протести пред домовите на пратениците од СДСМ, запален автомобил, навредливи графити, прослави во Тетово и Гостивар, говор на омраза по социјалните мрежи... ова е првичниот резултат од усвојувањето на Законот за употребата на јазиците пред три дена во Собранието на Република Македонија.

Синоќа во Прилеп, пред домот на пратеничката Кети Смилеска од СДСМ, собрани беа група граѓани кои револтирано извикуваа „Кети предавник“.

Претходно стотина граѓани се собрале пред домот на пратеникот на СДСМ од Велес, Панче Иванов, за да протестираат поради тоа што тој гласал за законот за двојазичнот, јавија локалните медиуми.

Во Делчево полицијата пронашла расфрлани летоци со навреди за пратеникот на СДСМ од оваа општина.

По градовите низ Македонија забележително е засиленото присуство на полицијата.

Во селото Суводол, Демир Хисар, непознато лице на лимена табла закачило на бандера испишан графит со навредлива содржина.

Најсериозен е случајот со запалениот автомбил на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска – Митева, само неколку часа откако во Собранието беше изгласан Законот за јазиците.

Во Домот на културата во Тетово се одржа и официјална прослава, а по улиците и се пукаше по донесувањето на законот.

Полицијата соопшти дека ги презема неопходните мерки за гарантирање на сигурноста и безбедноста на граѓаните и државата, а исто така редовно врши проценки за тоа колку се сериозни заканите („Џелати на Македонија“, „Предавници на македонскиот народ“, „Гробари на државата“...) до пратениците што се упатуваат преку социјалните мрежи.

А на социјалните мрежи се шират фотографии што ги содржат личните податоци на пратениците, а под фотографиите се објавуваат и навредливи коментари.

Изгласувањето на Законот за употреба на јазиците повторно предизвика сериозна поделба на македонското општество и по етничка и по партиска основа.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе