Уште синоќа од „Левица“ кажаа дека денеска во 13 часот ќе излезат на протест. Во повикот објавен на социјалната мрежа фејсбук рекоа дека најостро ја осудуваат дозволата за отворање на ваков клуб во Македонија, премолчувањето за ваквата иницијатива од страна на Владата на Република Македонија која индиректно поддржува рехабилитација на фашизмот, империјализмот и антимакедонизмот, стои во нивната објава за протесот. И Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 од Битола синоќа излезе со јавен протест: „Јавен протест заради отворањето на Културен центар ‘Иван Михајлов – kлуб Ванчо Михајлов, ВМРО’ во Битола, бидејќи преку името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III, се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија, милитаризмот и антимакедонските политики од времето на Втората светска војна, се промовира историографски ревизионизам насочен кон негирање на Националноослободителната војна на македонскиот народ и нејзините придобивки во поглед на афирмација на македонскиот нациоинален индивидуалитет и македонската национална држава и се врши навреда на македонското национално донстоинство“, стои во сопштението на борците.
На Широк Сокак присутен е и владиката Петар со неколку свештени лица.
Денеска Битола е под силно полициско обезбедување, центарот на градот со посебен режим на сообраќај.