Полициски кордон пред крстосницата кај Кривичен суд

Протест за Монструм - блиска средба со полицијата

Повеќе стотици граѓани, пред сѐ Албанци, кои тргнаа денеска во 13.15 часот од паркот во населбата Чаир на протестен марш против пресудите во случајот Монструм, пристигнаа во близината на Кривичниот суд, но пред крстосницата на булеварите каде се наоѓа Судот ги пречека кордон на полиција, по што дел од учесниците самоиницијативно направија свој жив ѕид со цел да спречат можни инциденти. Ситуацијата е тензична.

Роднината на еден од обвинетите, Бедри Ајдари се упати кон полицијата и ги замоли: „Ослободете ни го патот, имаме право да протестираме. Ова нека го гледа меѓународната заедница, како ни се забранува правото на протест", рече Ајдари.

Диктатура, диктатура, оддекна од толпата.

„Ние сме луѓе кои бараме правда и слобода за осудените во монтиран процес“, рече Ајдари.

Oткако се увиде дека полицијата не покажува никаква реакција не неговите молби, Ајдари им порача:

„Имате 10 минути да ја ослободите улицава“.

Претходно, обезбедувањето на протестот успеа да задржи две лица да фрлат маси и столици кон полицијата. „Летна“ и по некое шише и предмет кон полицијата.

Демонстрантите се „вооружени" со транспаренти, сирени и свирчиња и бучно бараат „правда и слобода", односно ослободување на осудените лица во судскиот процес Монструм кој заврши деновиве со максимални затворски казни за обвинетите.

На еден од главните транспаренти се посочени со фотографии обвинителите Фетаи, Јовески, Русковска и судијката Кацарска како виновни за корупцијатата во земјата.

Според информации од безбедносните структури, посебни мерки на заштита се спроведуваат и кон претставниците на државниот врв и неколкумина министри и челници на институции. Веќе од 13 часот за сообраќај беа затворени неколку сообраќајници во Скопје по кои беше најавено движењето на протестниот марш, за што МВР преку соопштение утрово ги информираше граѓаните за сатницата на затворање на улиците. И дел од градските автобуси од пладне возат по изменет режим на сообраќај, за што од ЈСП Скопје издадоа соопштение во кое се наведени броевите и изменетата траса на движење на автобусите.

Дел од невладините организации на Албанците упатија апел протестот да биде мирен, како и да се запазат здравствените протоколи - држење на дистанца и носење на маски.

Протестот преку медиумите и социјалните мрежи беше најавен во вторникот од страна на роднините на осудените во „Монструм", по објавувањето на пресудата. Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаилови и Агим Исмаилови беа осудени на доживотен затвор, Хаки Азири на 9 години затвор, Фејзи Азири на 15 години затвор, додека Сами Љута по барање на обвинителството, беше ослободен.

П.Џ.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе