Протест во Охрид, Заев да го реши проблемот со Алипашината џамија

Незаконската изградба на 32 метарското минаре мора да запре. Политичарите мора да излезат и веднаш да кажат како мислат да го решат проблемот со Алипашината џамија. Ова денеска на протест пред зградата на општина Охрид го побараа охриѓани и членовите на здружението „Совест”.

Од здужението „Совест“ побараа премиерот Зоран Заев да си го одржи ветувањето кое го даде пред изборите.

Според „Совест”, сѐ појасно станува дека градбата на минарето одамна е производ на политичко пазарање, а не на почитување на законските одредби. Тие најавуваат дека ќе продолжат да ја алармираат јавноста сѐ додека не се стави крај на самоволието и надлежните органи не се справат со нелегалните активности.

„Ние не сме против реставрација и конзервација на верскиот објект, но со висината на минарето од 32 метри целосно се нарушува визурата на градот и старото градско јадро. Тука станува збор за кршење на низа закони. Овде имаме агресивна и нелегална градба и изманипулирани и излажани граѓани од актуелната власт“, велат од „Совест“.

Премиерот Зоран Заев пред претседателските и изборот за градоначалник на Охрид вети решение за овој проблем по изборите.

„Во централното градско подрачје на Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани преку агресивна и нелегална реализација на градба заштитена со закон, Алипашината џамија, која има за цел да ги промени физионимијата и карактерот на градот, а зад која стојат цели и стратегии кои не се добронамерни и во чија реализација учествуваат институциите на државата. Управата за заштита на културното наследство, Републичката урбанистичка и градежна инспекција и судот не се на ниво на своите надлежности и не покажуваат решеност да стават мораториум на градбата која веќе е прогласена како нелегална“, изјави Сашо Михајловски од „Совест“кој додаде дека нема да престанат со протести сѐ додека не се исполнат нивните барања.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе