Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата (ФОТО)

ВМРО-ДПМНЕ и нивни поддржувачи, денеска попладне во Скопје одржуваат протест кој од седиштето на партијата се пресели пред Владата на РМ. На протестот се бара оставка на премиерот Зоран Заев, а присутните со себе носат различни транспаренти со пораки „Црни Заев" или „Изгреј зоро". Со звуците на химната на ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски песни, а се извикува „ВМРО-ДПМНЕ" „Македонија", „Оставка".

„Ќе дехидрираат од плукање по мене, а притоа не гледаат дека државата пропаѓа, народот си оди, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на протестниот марш пред Владата.

Тука сме да го изразиме нашето незадоволство од оваа Влада. Сакам да ви се заблагодарам вам, на најхрабрите, кои и оваа и секоја наредна среда, и секој четврток, и секој петок ќе ни се придружувате тука, пред платото на Влада", рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заедно да се мобилизираме и да им го нанесеме најголемиот пораз во историјата на следните претседателски избори. Без око да им трепне, тие го менуваат името на државата. Нека излезе човекот што беше предводник на оваа операција, човекот што се храни од овие граѓани, човекот што ги користи сите привилегии, тој човек кој го нарече овој народ искомплексиран. Не господине Димитров, ние не сме искомплексирани. Излезете и јавно извинете се", изјави Мицкоски.

 

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено

Среда, Декември 5, 2018 - 20:09

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе