Скопје-Москва

Протераниот руски дипломат ја напушти Македонија

Рускиот дипломат и членовите на неговото семејство денеска наутро заминаа од Македонија, јави руската агенција ТАСС.

Македонската Влада на 26 март одлучи да протера еден руски дипломат.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров тогаш изјави дека одлуката за протерување на еден руски дипломат била донесена во „тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и за да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија“. Премиерот Зоран Заев изјави дека рускиот дипломат во Македонија се обидувал да дојде до доверливи информации со што ја прекршил Виенската конвенција.

Според дописникот на ТАСС, оние кои ја напуштаа Македонија во руската амбасада биле испратени со звуците на патриотски марш. На скопскиот аеродром протераниот руски дипломат бил придружуван од група руски дипломати предводени од амбасадорот Олег Шчербак.

Рускиот амбасадор во Македонија изјави дека Македонија како резултат на надворешното влијание решила да спроведе непријателски и избрзан чекор штетен за самата земја.

И Русија донесе одлука да протера еден македонски дипломат од Москва.

Голем број земји-членки на ЕУ, САД, Канада и Австралија претходно објавија дека донеле одлуки за протерување на руски дипломати по инцидентот со труењето на офицерот на поранешната руска разузнавачка служба (ГРУ) Сергеј Скрипаљ во Лондон. Велика Британија за овој инцидент ја  обвини Москва без да даде никакви докази. Вашингтон одлучи да протера 60 руски дипломати. Властите на САД одлучија да го затворат конзулатот на Русија во Сиетл.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе