Проштална средба на министерот Димитров со амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска го прими во проштална средба амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон, пред завршување на неговиот мандат и заминување од земјата.

Министерот Димитров се заблагодари за исклучителниот придонес на амбасадорот Стафансон во развивањето на македонско-шведското пријателство, за што министерот Димитров му врачи и благодарница за неговиот плоден ангажман и искрена, отворена и конструктивна поддршка кон демократската трансформација и европските аспирации на нашата земја.

„Вашата мудрост, добронамерни и пријателски совети, како и професионалниот пристап во работата, оставија силен печат во нашето општество, а воедно и меѓу дипломатскиот кор како доајен. Особено ми претставува задоволство што меѓу другото, за време на Вашиот мандат беше интензивирана и размената на посети на високо ниво, а притоа беше усвоена и Декларација за соработка меѓу нашите две земји во 2017 година. Кралството Шведска продолжува да служи како наш модел и инспирација при преземање на реформските чекори во духот на европските вредности, а притоа уверен сум дека и Вашиот наследник ќе продолжи со иста динамика да го негува позитивниот тренд на билатерални односи“, рече Димитров на прошталната средба со амбасадорот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе