ШТО ПОКАЖАА ПОСЛЕДНИТЕ АНКЕТИ

Промена на името како услов за членство во НАТО е неприфатливо за македонските граѓани

Неколку анкети од последните две години покажуваат дека македонските граѓани имаат цврст став во однос на условувањето на членството во НАТО со променето име. Сите анкети покажаа дека повеќе од 60 отсто од граѓаните се против членството со променето име.

Проблемите со пристапниот процес во однос на зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, поставениот услов промена на име, па членство, се главните причини за опаѓањето на популарноста на Унијата и Северноатланската алијанса меѓу македонските граѓани, покажаа неколку последователни истражувања на јавното мислење.

Не се работи за евроскептицизам кај македонските граѓани, туку за односот и фрустрациите што таквиот пристап ги предизвикуваат ваквите уникатни условувања за евроинтеграцијата на Македонија.

Во декември анкетата на МКД.мк и Брима покажа дека 59 отсто од македонските граѓани се против условувањата со името за членство во НАТО. Повеќе од 60 отсто од граѓаните велат дека се за референдум за каква било промена на името.

Анкетата на МКД.мк и агенцијата Брима објавена лани во јануари покажа дека македонските граѓани и натаму се за членство на Македонија во НАТО (61,5 отсто), но кога прашањето ќе го поставите со условот прием под референцата ПЈРМ или прием со промена на името, тогаш поддршката за такво членство значително опаѓа.

И во мај 2016 година, анкетата на МКД.мк и Брима покажа слични резултати. На прашањето дали би прифатиле или не би прифатиле Република Македонија да стане полноправен член на НАТО под референцата ПЈРМ, 54,8 отсто од граѓаните одговорија дека се против тоа.

Опаѓањето на популарноста на ЕУ и НАТО, дипломатските игри на Брисел и Вашингтон во однос на името и во однос на неутралноста за непочитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, Грција и Албанија, непочитувањето на пресудите на меѓународните судови ја врати популарноста на Русија меѓу Македонците. 

Анкетата на ТВ Телма и на МЦМС од февруари 2017 година покажа дека македонските граѓани освен ЕУ (31,7%), за стратешки партнер ја посакуваат и Русија (21,9%), а за САД се определиле 17,8 отсто од анкетираните граѓани.

Слични резултати даде и анкетата на фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија Социетас цивилис. Околу четвртина од граѓаните (26,2%) сметаат дека ЕУ би била најдобриот странски сојузник на Македонија, 25% од населението сметаат дека тоа би била Русија, додека за 17,5% од граѓаните, САД  е претпочитан сојузник. Оваа анализа покажува  повеќегодишен опаѓачки тренд на поддршка за членство во ЕУ.

Најголемиот процент на испитаници (44,3%) не се задоволни од напорите кои ЕУ ги презема во улога на медијатор во политичката криза во Македонија.

Сите овие анкети укажуваат на тоа дека меѓу граѓаните на Македонија расте незадоволството од напредокот на Македонија во пристапниот процес, како и значителен раст на незадоволството од домашниот реформски капацитет и ангажман. Ако на страна го тргнеме спорот со името, тогаш поддршката за членство во ЕУ и НАТО и натаму е многу висока. Одговорите на прашањата кога ова прашање ќе го поставите со условот промена на име или како ПЈРМ, тогаш поддршката за членството значително опаѓа.

Падот на поддршката за членство во ЕУ не е резултат на некаков растечки евроскептицизам кај македонските граѓани, туку главно е последица на овие непродуктивни разговори за името, што пак имплицираат загрозување на националниот суверенитет и отворени идентитетски прашања.

А.Д.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе