Дигитална дипломатија во регионот

„Профилите на социјалните мрежи на Владата, на МНР и на Димитров, школски пример за комуницирање со јавноста“

Официјалните профили на социјалните мрежи на македонската Влада, а особено на Министерството за надворешни работи и министерот Никола Димитров се школски пример на комуницирање со јавноста. Пораките јасно ги прикажуваат настаните, нема здодевни фотографии со ракувања, соопштенија од типот на службени весници и се гледа јасна стратегија на комуникација, пишува во анализата „Дигитална дипломатија во регионот 2020“ објавена на сајтот „Дигидипломатија“.

Северна Македонија, како што стои во анализата, е рангирана на прво место во регионот според комбинацијата на сите критериуми: комуникации, број на следбеници, број на канали, дипломатија и сајт. По неа следуваат Хрватска, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

„Најмногу поени во рангирањето-7,2 заслужено доби Северна Македонија, чии институции вложиле значителен труд и со добро осмислена стратегија јасно покажале дека и во регионални рамки дигиталната дипломатија може да се практикува по светски стандарди“, пишува во анализата.

Во однос на „дипломатското однесување“ предност е дадена на промовирањето на различностите, помирувањето, подобрата регионална соработка и поврзување, помирлив и дипломатски наратив, комуницирање на странски, односно немајчин јазик и слично. Во таа смисла официјалните профили на Република Северна Македонија ги користеле социјалните мрежи и своите профили во согласност со најдобрата дипломатска пракса.  

Посебно признание доби Твитер профилот на Министерството за надворешни работи во мандатот на Никола Димитров, како најдобро воден регионален профил #digitalnadiplomatija.

Инаку, со анализата се опфатени социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Перископ, Линкедин, Снепчет и Јутјуб. Тик Ток е вистински хит меѓу светските лидери и меѓународни организации и голем број од нив отфориле профили на оваа нова платформа, но регионалните лидери се уште не го „откриле“.

Што се однесува до бројот на следбеници како критерум, односно бројот на следбеници спрема бројот на жители, најдобро стои Косово со коефициент 1,47 (на еден следбеник има 1,47 жители), потоа е Хрватска со 2,56, па Македонија со 4,34, Црна Гора со 4,86, Словенија со 5,21, Србија со 10,38 и на крајот е БиХ со 59,10.

По бројот на користени канали, Словенија води со профили на 7 различни социјални мрежи и платформи, Хрватска има 6, Црна Гора и Србија со по 5, Косово и Македонија по 4, а БиХ има 3. Инаку Словенците се единствени во регионот кои користат Снепчет.

Последен критериум е сајтот на Министерствата за надворешни работи кој има големо значење за дигитализацијата на дипломатијата. Одделни држави веќе воведоа можност преку сајтот да се контактира матичната држава, да се бара издавање на изгубен пасош или друг привремен документ и освен редовни соопштенија, да се комуницира и во кризни состојби. Освен дизајнот, важно е сајтот да е прегледен, респонсивен и да нуди доволно информации на мајчиниот, но и барем на еден од светските јазици. По овој критериум по 8 поени добија Хрватска, Словенија, северна Македонија и Косово, а останатите треба да поработат на ова прашање.

Инаку, дигиталната дипломатија претставува дигитален лик на јавната и дипломатијата генерално, бидејќи суштината на дипломатијата е комуникацијата.

Според анализата, забележан е раст во однос на вкупниот број следбеници во сите ентитети (Словенија, Хрватска, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Косово) и утврдено е дека  имаат 4.300.000 следбеници.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе