Државниот секретар во МО

Професионалните војници постари од 45 години, ќе можат да работат како пожарникари

Професионалните војници со навршени 45 години добиваат нова можност својата кариера да ја продолжат како пожарникари во противпожарните единици низ земјата, информираше денеска државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ.

На прес-конфернција Николиќ кажа дека ова е уште една опција за нив по предложените измени во Законот за служба со кои професионалните војници по завршување на службата во Армијата со 45 години ќе можат да изберат дали да ја продолжат својата кариера во рамките на државната служба или да им биде исплатена отпремнина во висина од 1.000 евра за секоја година во Армијата, односно износ од 20.000 до 25.000 евра.

Николиќ информираше дека 16 поранешни професионални војници својата кариера ја продолжуваат во територијалните противпожарни единици на работни места пожарникари-спасители. Од нив 8 лица ја пополнуваат противпожарната бригада во Скопје, 5 лица стануваат пожарникари во Кичево, а тројца во општина Валандово. Тој уште додаде дека непречено се реализира и трансферот на професионалните војници и во други органи на државната и локалната власт, па во моментот се реализира преземање на професионалните војници и во Управата за извршување на санкции, на работни места затворски надзорници во Казнено-поправните установи во Идризово, Штип, Куманово, Велес. Во тек е и постапката за превземање во судовите низ државата, како дел од судската полиција, а дел од овие поранешни војници ќе останат во рамките на Армијата како цивилни лица.

 

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе