Професионалните војници од 22 мај во шатор се селат пред Влада

Независниот синдикат на професионалните војници на Македонија (НСПВМ) информира дека нивните членови се незадоволни од позицијата во македонската армија и од 22 мај почнуваат штрајк. Синдикатот најавува дека во шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата нивните членови ќе останат се додека не се исполнат барањата.

Во соопштението на НСПВМ се вели дека тие од основањето континуирано и интензивно работат на подобрување на стандардот на вработените во Армијата на Република  Северна Македонија (АРСМ), на подобрување на односите синдикат – работодавач - Министерство за одбрана, на подобрување на условите за работа... „Инсистираме на зголемување на буџетот на Министерството за одбрана, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот и работа на вработените.

Согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата за дел од професионалните војници не се преземени никакви активности за префрлување во друга институција“, се вели во соопштението на НСПВМ.

 

 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе