Говор на омраза во војската

Професионален војник побара Нобелова награда за напаѓачот од Нов Зеланд, АРМ најавува санкции

„Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот", човекот во Нов Зеланд. Браво, бравоо". Ова е фејсбук-статусот на припадничката на артилериската единица на АРМ Татјана Лазаровска. Генералштабот на АРМ најави санкции.

Лазаровска е вработена како професионален војник во АРМ.

Од Генералштабот на АРМ велат дека ја осудуваат нејзината постапка и дека ќе биде сaнкционирана за ова.

„По сознанието од наша страна, согласно законските регулативи и надлежности почната е постапка за утврдување на одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки. Генералштабот најостро го осудува секој облик на изразување на каков било вид на нетрпеливост, дискриминирачко однесување или поддршка на истите од кого било. Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, велат од АРМ.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе