Продолжуваат препукувањата меѓу Заев и Ахмети, Мицкоски вели дека нема да оди по секоја цена во преговори за влада

Најпрво изјави Зоран Заев, лидерот на СДСМ, дека со 15 пратеници не може да се стане премиер, алудиурајќи на проектот на ДУИ за прв Албанец премиер. На оваа изјава на Заев, Али Ахмети, лидерот на ДУИ, веднаш одговори: „ниту со 46 пратеници не се добива премиер“.

Ахмети за весникот Коха изјавил дека ДУИ е фактор на стабилност и ги повторил условите за учество во извршната власт: спроведување на Рамковниот договор, Преспанскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците.

„Ниту со 46 пратеници, не се станува премиер. Во оваа ситуација на сите страни им треба мир, мудрост и да мислат на високите државни интереси. Јас едно можам да кажам, дека ДУИ е фактор на стабилност во земјава. Ние внимателно ги анализираме состојбите, нема да брзаме. Секое дејство што ќе го преземеме, го правиме во корист и интерес на државата, мирот, стабилноста и водење напред на крупните процеси, како што е Рамковниот и Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Законот за имплементација на јазиците да се спроведе  до последна точка, како и ветингот, борба против криминалот и корупцијата. Но во ниту еден момент да не се одбегне ветингот. Сите ќе бидат во партнерство со нас во усогласување на овие точки. Вклучувајќи го тука и премиерот“, изјави Ахмети.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека ги почнуваат разговорите за формирање нова влада, но не по секоја цена

„Остануваме на ставот дека во преговорите за формирање на нова влада нема да го правиме по секоја цена, под закани и уцени, туку врз основа на програмски определби и визија за подобар живот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е партија која ќе се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство од 61 пратеник и да формира влада, но не по секоја цена. За мене политиката е на ниво на филозофија, на принципи и на програмски определби и начела. Оттука сите политички чинители кои ценат дека програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапи на изборите, а која најголем дел тоа би била и програма на работењето на идната влада можат да ја поддржат. Ние сме подготвени да разговараме не само со Беса, туку со сите политички партии од коалицијата предводена од СДСМ“, рече денеска Мицкоски.

Тој нагласи дека без разлика дали ќе продолжат да делуваат како власт или опозиција првата работа што ќе ја покренат во Собранието е поднесување закон за испитување на потеклото на имот на политичарите и функционерите и на нивните семејства.

Коалицијата Можеме на СДСМ и Беса на изборите на 15 јули освои 46 мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Обнова за Македонија 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица - 2, ДПА - 1.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе