ЛИДЕРИТЕ СÈ УШТЕ НЕ ГИ ДОБЛИЖИЈА СТАВОВИТЕ

Продолжуваат маратонските преговори во Брисел, Хан ја одложи утрешната посета во БиХ

Иако почна некаде во 11.30 часот, состанокот меѓу македонските лидери со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан можно е потрае и до доцна вечерва, a еврокомесарот го одложи летот за БиХ. Од Брисел и домашните медиуми стигнуваат разни информации и шпекулации за форматот на преговорите, кој постојано се менува, а на заедничката маса стигнуваат решенија за предлог-измени на изборниот законик, за временски период за повлекување од функцијата премиер, за одложување на веќе договорените избори во април...

Како што објавува 24 вести, според нивните информации од Брисел, во собата за преговори постојано се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ, Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи, Али Ахмети, заедно со комесарот Хан и известувачот за Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл. 

Дипломатски извори за 24 вести брифираат дека на маса е предлог-измена на изборниот законик - три до 6 месеци пред избори претседател на политичка партија да не може да ја извршува функцијата претседател на влада. Токму временскиот период на условно повлекување од функцијата премиер дополнително се преговара, бидејќи според истите извори, за власта се доволни три месеци, додека за опозицијата се потребни шест месеци. Ова би значело дека додека да се стигне до периодот на повлекување, министерските места во владата би ги држеле претставници на сите партии.

Се шпекулира и дека лидерот на СДСМ Заев сè уште не отстапува од своето барање за преодна влада без Никола Груевски како премиер. Токму тоа лидерот на СДСМ го порача пред стартот на средбата. 

Дневник, пак, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека причината била во опозицискиот лидер, кој на преговарачката маса барал одржување на предвремените избори за две години. Поради долгите разговори, Хан дури си ја „жртвувал“ и претходно најавената агенда и го откажал својот вечерашен лет за Босна и Херцеговина.

Според Дневник, разговорите се одолжиле поради тоа што Заев на средбата побарал предвремените избори да се одржат дури во 2017 година, односно со локалните избори. Тоа и од Брисел и од владејачките кругови се отфрла како непожелно решение. Дневник смета дека и понатаму важи непишаното правило што посредно го испраќаа од Брисел, дека доколку некоја од страните не го испочитува договореното, европските авторитети ќе го сметаат за одговорен за застојот на евроатлантските интеграции на Македонија.

Причината, како што јавува дописникот на МИА, е што ЕК веќе работи на извештајот за напредокот на Македонија, кој се очекува да го издаде на 13 октомври, и дека без политички договори извесно е дека ќе нема препорака за отворање на пристапните преговори, што ЕК го правеше изминатите шест години.

„Се надевам дека ова ќе биде добар ден за иднината на земјата“, напиша денеска напладне Јоханес Хан на својот твитер-профил.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе