Во тек на кампањата

Продолжува пинг-понг партијата, нова аудио снимка на Мицкоски и Кичеец

Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за митингот на 2 јуни, рекол наводно Мицкоски во новата аудио снимка која денеска беше објавена на Јутјуб на профилот со корисничко име „Рекет“. И на оваа снимка наводно се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, кој е еден од осудените лица во случајот „Рекет“.

Од снимката може да се заклучи дека Милески и Мицкоски најверојатно разговараат за начинот на кој бил платен организиран автобуски превоз за протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред две години, летото 2018 година.

„Најди си лик, не знам, имал тој некој пријател добар, нешто ваму-таму, ја ќе појдам само да не појдит Сашо, никако во партија да не влезит, тие се муабетите“, му вели Зоран Милески-Кичеец на Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му одговара на Кичеец: „Сашо никогаш не дојде во партија, скршен од мака. Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за 2 јуни кога беше нели, тоа е од Сашо донацијата“. По ова, Кичеец кратко му одговара: „Ја ќе ви кажам нешто“, по што снимката е прекината.

Ова е третаа трета аудио снимка од разговорот (или разговорите) меѓу Мицкоски и Милески објавени откако почна кампањата.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе