Продолжува 30-та седница на Собранието, на дневен ред и интерпелацијата на Димитров

Собранието на Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 30-тата седница на која меѓу точките на дневен ред е и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Интерпелацијата на вицепремиерот Димитров е поднесена од група пратеници од опозицијата.

Пред пратениците на оваа седница се предлог измените на Законот за еднакви можности на жените и мажите, предлог-измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, како и предлог на закон за изменување на Законот за практиканство, сите по скратена постапка.

По скратена постапка на оваа седница се и предлог измените на Законот за волонтерството, Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за вработување на инвалидни лица, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и предлог законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија.

На седницата се ставени и повеќе законски решенија во прво читање.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе