Продановска: Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект, препознаен е претседател на политичка партија

Раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје Мери Продановска вечерва на вонредна прес-конференција изјави дека инспектори  биле спречени да извршат контрола во угостителски објект на „Боемска улица“.

Според неа, додека инспекторите чекале да влезат, од објектот излегол претседател на политичка партија, но не прецизираше за кого станува збор.

„Вечерва, Државниот пазарен инспекторат во редовни надзори, односно вонредни надзори на теритоирја на Скопје околу 18:15 часот беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект со образложение дека угостителскиот објект е од зтворен тип и дека нема гости внатре. Колегите продолжија во другите угостителски објекти, но сепак се вратија кај истиот угостителски објект со уште една замолница да им се отвори објектот да извршат надзор. По два и пол часа успеавме да влеземе во објектот, но пред тоа имаше други дејствија, од објектот излегоа луѓе кои инспекторите не можеа да ги легитимираат, но препознаен е претседател на политичка партија, рече Продановска.

Запрашана кој бил лидерот на партија, што бил во објектот, таа рече дека не може да каже, бидејќи не била таму.

Сопственикот на локалот бил повикан, но дошол по два и пол  часа чекање пред објектот.

Продановска информира дека угостителскиот оператор ќе добие кривична пријава  по член 205 и 206 за непочитување на забрана за обавување дејност во објектот и за споречување на инсепeкциски надзор. 

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе