Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Андоновски: Прочистувањето во судството е само фасада за криминалот на Заев

СДСМ и Зоран Заев избираат послушни обвинители и судии, кои ќе работат за заштита на криминалот и корупцијата. Со промоцијата на лажни концепти, се сака во правосудството да останат само блиски и погодни луѓе на СДСМ и Зоран Заев, за да остане неказнет криминалот, рече Стефан Андоновски,член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се избираат сомнителни лица, на правосудниот систем му се потребни чесни, искусни, непристрасни професионалци кои ќе го реформираат системот одвнатре, без мешањето на Маричиќ и Заев. Реформи не можат да прават лица кои никогаш во животот не работеле како судии, а единствена препорака е од нивните фамилии со високи партиски функционери од СДСМ. Реформи не можат да прават лица против кои постоеле истраги за проневери на стотици илјади евра со барања за притвор", рече Андоновски на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на министерот за правда Бојан Маричиќ му постави неколку прашања на кои ВМРО-ДПМНЕ очекува одговор:

1) Зошто обвинителството не се произнело за триесетината кривични пријави поднесени во врска со изборен криминал за време на предвремените парламентарни избори? Во овие кривични пријави има докази, слики и податоци дека градоначалници и високи функционери на СДСМ се „фатени живи" во давање поткуп за гласови.
2) Зошто Рускоска не го расчистува вештачењето на телефоните во случајот Рекет? Дали некој високо во СДСМ се плаши од тоа што може да се најде на телефоните на учесниците во мега-скандалот?
3) До каде е работата на обвинителството во случајот со Ден Дончев, и во врска со договорите за дијализа, и во врска со торбите со кеш пари?
4) До кога ќе се дозволува високи антизападни олигарси како што е случајот Дака на сомнителен начин да добиваат дозволи за градба на мега-комплекси во центарот на Тетово?
5) Како може обвинителството да нуди лажни сведоци за да затвора патриоти на повеќе од 200 години затвор?
6) Дали е логично главните лица од обвинителството да имаат омраза и аверзија кон опозицијата, и во исто време да работат случаи против ВМРО-ДПМНЕ?
7) Кога ќе престане застрашувањето на новинари со истраги, повици во полиција, условни осуди?

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе