Пробиен уште еден рок, партиите не се договорија за прашањата за медиумите

По оној од 20 ноември, работната група на преговачките тимови на четирите партии го пробија и денешниот рок, кој посредникот Питер Ванхојт го даде за постигнување согласност за реформите во медиумската сфера. Партиите веројатно ќе се вратат на преговарачката маса во Клубот на пратеници во понеделник. 

Партиските тимови во оваа рунда разговори имаат задача да ги доближат ставовите за измените во Законот за медиуми, за државната агенција МИА, Македонската радио-телевизија, а денеска не успееја да договорат за функционирањето на Агенцијата на медиуми и составот на советот.

Од она што досега се дознава е дека опозицијата за нов главен уредник на МТВ ги предложила Санта Аргировска, Васко Попетревски и Душко Аврамовски. Исто така, опозицијата предложила краткорочни и долгорочни решенија со кои ќе се овозможи  департизирање и нормална работа на Агенцијата за медиуми, МРТ и МИА и тоа до завршување на изборите. Краткорочните решенија опфакаат нов начин  за избор на членови на советот на агенцијата за медиуми, кои би имале покус мандат. Опозиционерите бараат и матичната собраниска комисија да објави повик за кандидати за советот на кој ќе можат да се пријават членови на невладини организации, синдикати и други вработени во областа.

Новинарите и денеска не присуствуваа на средбите, иако и преку протест побараа да бидат вклучени од преговарачкиот процес, чии теми ги опфаќа токму нив - медиумите. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани побара партиите да не работат зад грбот на новинарите, туку да ги споделат решенијата со јавноста.

„Како новинари од искуство знаеме дека кога политичарите се кријат од јавноста, обично работат за теснопартиските и политички интереси, и не водат сметка за интересите на граѓаните. Сакаат да одлучуваат за судбината на новинарите, без да водат сметка за нашите интереси. Што е толку страшно во нивните предлози, што не сакаат да ги споделат со нас и со јавноста", рече Селмани.

Белгискиот експерт Ванхојт, пак, денеска потецираше дека има напредок, но и дека  тимовите на политичките партии ги земаат во предвид сите предлози од консултациите со различните засегнати страни при процесот на постигнување договор. 

„Дополнително, од самиот почеток на преговорите за медиумите, посредувачот Ванхојт редовно остварува консултативни средби со засегнатите страни каде тие ги изнесуваат нивните позиции и ставови, со цел законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот и сите останати засегнати страни.  Одржувањето на преговорите ја следи методологија и динамиката воспоставена уште на самиот почеток. Политичката работна група се среќава секојдневно, се дискутира на една тема се додека не се постигне договор, а потоа се преминува на дискутирање на следна тема“, соопштија Ванхојт преку својот кабинет. 

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе