МВР

Приведени уште две лица, вкупно 5, по вчерашниот протест пред ДУИ во Мала Речица

Тетовската полиција денеска приведе уште две лица поради учество во вчерашниот настан во Мала Речица кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ. Со тоа досега пет лица се лишени од слобода.

„Денес претпладне се лишени уште две лица В.А. (33) и А.Ш. (30) двајцата од Тетово. Петте лица се задржани во полициската станица во Тетово. Се документира случајот и во координација и консулатација со јавен обвинител се изготвува соодветен поднесок“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера лишија од слобода 52-годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево, а вечерта и 33-годишник од Мала Речица поради нивна инволвираност во протестот.

Инцидентот следуваше по протестниот марш од плоштадот до општината со кој се побара одговорност за 14 лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница. Група млади лица го продолжи маршот кон Мала Речица при што насилно се обидоа да го поминат полицискиот кордон. Притоа повредени беа четворица полициски службеници. 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе