Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Притворените во Шутка се чесни луѓе и јунаци, порача Ламбе Арнаудов

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со протестите поради притворите на пратениците и другите лица за учество во насилството во Собранието на 27 април. 

Протестот се одржа попладнево пред Истражниот затвор Шутка, а на собраните граѓани пред затворот им се обратија Владимир Ѓорчев, Ламбе Арнаудов и Никола Србов. 

Ѓорчев рече дека секојдневно се намалува бројот на лицата кои ги поддржуваат оние што го вршат овој политички прогон.

„Оние кои ја поддржуваа Шарената револуција секој ден се оградуваат од неа на Фејсбук, оние кои што пишуваа по 3-4 или 10 колумни секој месец се погласно пишуваат против оваа актуелна Влада. И најголемите нивни поддржувачи ден по ден, месец по месец, тема по тема стануваат се покритични кон оние кои што ги затвораат оние што се тука внатре”, изјави Ѓорчев и им порача на притворените дека ќе дојде слободата и дека повторно ќе ги видат своите најблиски.

За Арнаудов, пак, луѓето кои доаѓаат на протест се храбри луѓе. Според него, вистина e дека храбрите пократко живеат, но оние кои не се храбри, како што рече, воопшто не живеат. На притворените, пак, им порача дека се чесни луѓе и јунаци.

„Вие браќа и сестри јунаци, кои ние овде ве чувствуваме како наши сострадалници, вие денеска ја играте вашата улога во најголемиот отворен амфитеатар кој го направила човечката цивилизација, што се вика Македонија”, изјави Арнаудов.

Србов порача дека оваа борба ќе биде долга и мачна, но дека мора да се издржи. Според него, прво треба да се ослободат неправедно притворените, а потоа и да се ослободи државата од владеењето на Заев.

Приврзаниците на протестот велат дека ќе продолжат да излегуваат се додека не бидат ослободени притворените.

За утре најавија протест пред Министерството за правда. 

 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе