Четврта „бомба“ на Заев

Прислушувани над сто новинари! Најприслушуван бил Никола Младенов (ВИДЕО)

Власта, преку УБК, прислушувала над сто новинари и сопственици на медиуми, објави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, а најприслушуван, со години, бил сопственикот на Фокус Никола Младенов.

На прес-конференцијата на која беа презентирани неколку снимки од прислушувани разговори, Заев рече дека се работи за грозоморна тактика на власта да прислушува критички настроени новинари и врз база на тоа да гради стратегија за дејствување, која подразбирала и подготвување на програма и прилози на медиумите под контрола на Владата. За дел од новинарите била водена и писмена транскрипција на разговорите.

Најприслушуваниот новинар, во најдолг период, е Никола Младенов, сопственикот на Фокус, рече Заев и истакна дека Младенов бил под посебен надзор на домашните служби повеќе од четири години и дека има писмена транскрипција и за неговите разговори. 

Заев рече и дека досието со кое располага СДСМ ќе му биде доставено на неговото семејство за да постапи на начин како што тоа ќе реши.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе