Згрозеност меѓу новинарите

Прислушувани како непријатели на државата и народот!

По објавувањето на информацијата дека повеќе од сто новинари биле прислушувани, на дел од нив СДСМ им достави папки со транскрипти од разговорите. Во првата група новинари се тие кои добиле „специјален“ третман за време на настаните од 24 декември 2012 година.

Некои од новинарите, кои претходно биле повикани, по завршувањето на прес-конференцијата изјавија дека се згрозени од сознанието дека нивните разговори биле прислушувани, со коментар дека тоа значи и дека службите собрале сознанија и за разговорите и ставовите на лицата со кои разговарале. Повеќето од новинарите најавија дека ќе тужат и ќе бараат отштета.

Мухамед Зекири, главен уредник на телевизија Алсат, изјави дека чувството на згрозеност треба новинарите да го заменат со чувство на гордост.

„Јас сум горд, а горди треба да бидат и моите колеги, бидејќи ова е доказ дека сме имале критички став кон оваа тоталитарна власт. Горди затоа што сме биле визионери и сме знаеле со каква власт си имаме работа. Но време е на ваквото однесување да му се стави крај. Ние сме Никола Младенов, тоа е пораката што новинарите треба да ја испратат“, изјави Зекири.

„Вчудовидена сум. Не ми се верува дека УБК прислушувала толку многу новинари. Од она што можев да го видам начелно од документите што мене ми беа предадени, станува збор за исклучително долг период, некаде по затворањето на телевизијата А1, па до некое скоро време“, изјави Анета Додевска.

Според Сашка Цветковска, неверојатно е новинарите да бидат прислушувани иако тие никако не можат да бидат непријатели на државата и својот народ.
„Дефинитивно ќе барам одговорност за сето ова време кога сум била следена и прислушувана, би сакала да знам како дојде до тоа мобилните оператори да дозволат прислушување на разговори.“

Мери Јордановска вели дека е недозволиво тоа што се слушани и разговорите на луѓето со кои новинарите разговарале за објавување информации, прилози и вести. Тоа е монструозно, нагласи Јордановска.

-Не е пријатно кога знаете дека со вашите разговори се запознати две политички партии и кога не знаете колкав е кругот на луѓе кои го читале текстот на разговорите, изјави Снежана Лупевска.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе