Софија

Припадниците на партијата на Џамбаски пред домот на Борисов бараа да не попушта за Македонија

Поддржувачи на партијата ВМРО-БНД, предводени од партиските копретседатели Ангел Џамбаски и Александар Сиди, протестираа пред куќата на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во софиската населба Банки.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од информациите на локалните медиуми, причината е одлуката на поранешниот премиер Бојко Борисов и неговата партија, која е главна опозициска сила во бугарското Народно собрание, да поднесат предлог-одлука за одобрување на преговарачката рамка предложена од француското претседателство за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Пратеници на ГЕРБ пристигнаа на протестот па дојде до расправија меѓу двата табора, по што имаше обвинувања за искинати маици и земање мобилни телефони.

Ангел Џамбаски праша како до вчера позицијата на ГЕРБ била непоколеблива, како што заедно ја разработувале за време на нивното заедничко владеење, и праша што се случува од синоќа? „Што направи Скопје? Ништо. Овие луѓе ни се смеат, ни се потсмеваат“, рече тој.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе